Автомобил марка „мазда“, со тетовски регистарски ознаки попладнево, во 18 часот и 10 минути излетал од автопатот Скопје-Тетово, во близина на натпатникот за тетовското село Чифлик.
Од СВР-Тетово за Телеграф.мк изјавија дека автомобилот бил управуван од страна на 38-годишен тетовец со иницијали А.Р. Покрај возачот во автомобилот имало уште тројца патници.
До незгодата дошло кога возилото загубило контрола и излетало од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот и тројцата патници кои биле пренесени во Тетовската болница и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Неофицијално, до излетувањето од коловозот дошло поради неприспособена брзина кон условите на патот.
Од СВР-Тетово изјавија дека загрижувачки е тоа што излетувањата на возила поради неприспособена брзина, станале честа појава во тетовскиот регион. Според портпаролот, Марјан Јосифоски, уште една негативна појава е возењето без возачки дозволи. Тој истакна еден фрапантен податок според кој во текот на месец јуни годинава биле регистрирани дури 232 случаи во кои лицата управувале моторно возило без возачка дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст