Вандалите кои под команда на аболицираниот Зоран Заев и Сорос извршуваат секакви сценарија и прават нереди и хаос, синоќа ја демаскираа стратегијата што ја планира СДСМ, за оспорување на изборната волја на граѓаните.
Тие ги исцртаа сите чекори од планот на Заев кој треба да кулминира со инциденти и физички пресметки само за да се спречи граѓаните да ја искажат својата воља и со тоа да биде поразена деструктивната политика на СДСМ и Сорос.
Чекор 1.
Пласирање на лаги и манипулации преку медиуми под контрола на СДСМ – Сорос за да се издејствува одложување на изборите. Овој дел од стратегијата подразбира испади и провокации со кои би се предизвикале инциденти по кои мнозинството граѓани или во конкретниот случај студенти би се откажале од своето право да изберат раководство. Колку поголем инцидент ќе се испровоцира, толку поголема е веројатноста дека гласачот, студент или граѓанин, би се откажал од правото на глас за сметка на мирот и спокојството. Доколку и не успеат во оваа намера за одложување на изборите, втората цел е подгревање на тензии во пресрет на самото гласање, заплашување и намалување на одзивот.
Овој чекор јуришниците на Заев започнаа да ги реализираат минатиов период со обиди за упад во СПУКМ и провокации кон раководството.
Чекор 2.
Повици за мобилизација на денот на гласањето преку лаги за наводна борба за слобода. Задолжени за ова се невладини и параневладини јуришници, помогнати од партиската структура на СДСМ кои треба да навлечат пто е можно повеќе луѓе кои би биле пиуни што ќе ги жртвуваат за нивните намери. Логиката на овој чекор е да се инволвираат и наведат на кривични дела што поголем број лица бидејќи така би се избегнала одговорноста и на органите на прогонот би им било потешко да ги документира индивидуалните дејствија. Практично колку повеќе инволвирани, толку поголема шанса за амнестија. Сите медиуми на СДСМ – Сорос беа впрегнати минативе денови во овој чекор, а повици за блокади се објавуваа на ударни места. По социјалните мрежи пуштаа и дезинформации дека оспорувањето туѓо право на глас не е незаконско…
Чекор 3.
Насилство и криминал при самото гласање како би се оспориле изборите. Во конкретниот случај откако видоа дека студентите не ги поддржуваат за бојкот на изборите, ниту пак има какви било аргументи за одложување СДСМ – Сорос прибегнаа кон физичко попречување на туѓите права. Се закануваа на членови на избирачки одбори, навредуваа, пцуеја, крадеа печати и избирачки материјали. Валкана игра смислена од поматени умови која како прва цел треба да предизвика инцидент и прекин на гласањето или во најмала рака да го претстави како недемократско пред се во очите на странците чие мислење е поважно за Заев, отколку интересите на сопствениот народ.
Чекор 4.
Преку најбрутални методи да не се дозволи пребројување на гласовите за да не финишираат изборите. Откако не успеаја ниту да мобилизираат поголема поддршка или да предизвикаат инцидент и прекин на гласањето, хулиганите под контрола на СДСМ – Сорос, излегуваат од секаква контрола. Ги фаќа хистерија и добиваат наредба да одат до крај. Во конкретниов случај физички напаѓаа студенти, се закануваа со ножеви, демолираа и кршеа врати од местото каде што се бројат гласовите, држеа заложници и навредуваа студентки само за да не дозволат избирачкиот материјал да пристигне и да се преборјат гласовите за да се види вољата на избирачите. На учесниците во процедот им урлаа, а полицијата ја навредуваа и гаѓаа со пластични шишиња. Овој чекор повторно не го реализираат студенти кои се засегнати туку хулигани кои завршиле со студирање пред 20 години или насилници кои воопшто не се на факултет.
Чекор 5.
Нови насилни протести, оспорување на резултатите и глумење жртви по медиуми под контрола на СДСМ – Сорос кои имаат задача безопно да лажат и манипулираат. Откако не поминаа повиците за бојкот или предизвикување инциденти за одложување на изборите, откако не помина обидот за предизвикување на инциденти и прекинување на гласањето, откако не помина и обидот да се спречи пребројувањето на гласовите и практично станува позната вољата на избирачите, единствениот излез на вандалите и насилниците под контрола на СДСМ – Сорос останува организирање на насилни протести, оспорување на изборот и барање на нови избори. Сега го гледаме овој чекор. За денеска се најавени протести пред СПУКМ. При насилствата на послушниците на СДСМ – Сорос од синоќа, пред СПУКМ излегоа 70-тина најекстремни што е минорна бројка во однос на 25 000 студенти. Не е исклучено Заев повторно да ги мобилизира криминалните структури и да носи луѓе во Скопје за да покаже масовност, иако и тоа му оди тепко бидејќи ја губи поддршката и во СДСМ за деструктивните политики.
Во сите овие црни сценарија на аболицираниот криминалец Заев, во целата равенка заборавена е најважниот сегмент во равенката, народот. Вчера од 25 000 студенти за изборите изразија несогласување само 20-тина, па Заев вечерта успеа да мобилизира уште 50-тина послушници, иако сите општински организации на СДСМ – Сорос повикуваа на масовност. Се на се, голем пораз на насилството и деструкцијата смислени од Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст