| четврток, 6 декември 2018 |

Нема повеќе увоз на половни автомобили постари од 10 години

Почнувајќи од денеска нема да може да се увезуваат половни автомобили постари од 10 години.
Тоа значи дека во државата ќе се внесуваат само возила со најмалку Еуро 4 стандард.

коли

Оваа одлука е донесена на барање на импортерите на нови возила уште во 2013 година, но со датум на важење од 1 јули годинава.

Оние кои купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаа рок до вчера да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.

Според податоците на Царинската управа на Македонија, во првите четири месеци од годинава се увезени 9.500 возила што е скоро двојно повеќе од истиот период лани.

Увозот на половни возила беше либерализиран во 2010 година, кога беа увезени и најмногу половни возила или во бројки 51.399 автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top