| четврток, 6 декември 2018 |

Познати имињата на двајца од напаѓачите во Истанбул

Раким Булгаров и Вадим Османов се имињата на двајца од тројцата бомбаши-самоубијци кои го извршија нападот на аеродромот Ататурк во Истанбул.

turcija-768x432

Според последните информации, во нападот на 28-ти јуни на аеродромот Ататурк загинаа најмалку 44, а повредени се повеќе од 200 лица, пренесува Анадолија.

Истражните органи откриле фотокопија од пасош на Вадим Османов во агенција за недвижности во Фатих во Истанбул, каде што тој изнајмил стан.

Во канта за ѓубре во близина на оваа куќа е пронајден и компјутер со е оштетен екран.

Полицијата се обидува да дојде до податоците во компјутерот.

Продолжен е и притворот за 13 уапсени лица поврзани со нападот.

Во четвртокот беше објавено дека нападот на аеродромот го извршиле Рус, Kиргистанец и узбекистанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top