Сите ѝ завидуваа поради тоа, а сега знаеме во што е нејзината тајна.
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон одамна е позната по својата природна, кафеава, долга и негувана коса.

Нејзината беспрекорна фризура речиси со години не ја менуваше, а овој пат нејзиниот фризер Ричард Ворд, кој ја средува Кејт со години, откри зошто војвотката има толку убава коса.
Имено, Кејт не користи секогаш скапи производи за нега на косата, но важно ѝ е да има одлична четка за коса. Таа чини 29 долари и може да се порача преку интернет.
-Тоа е пластична четка со цртеж од крилја на задната страна, открива Ричард.

Тој открива дека за добрата фризура и квалитет на косата, од исклучителна важност е и тоа каков фен користиме и истакнува дека е неопходно тој да има продолжеток кој го насочува топлиот воздух.
Ворд ѝ советува на војвотката, но и на сите жени, никако да не претеруваатсо користење на разни производи.
-Сакам да користам серуми од арганово масло бидејќи од него косата убаво мириса и добива прекрасен сјај. Доволни се само неколку капки кои треба рамномерно да се нанесат на косата, објаснува Ричард.
Кога станува збор за фенирање фризерот на убавата војвотка советува да се послужите со лак за подигнување на косата од темето, бидејќи така ќе добиете на волумен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


