Македонската одбојкарска репрезентација е оштетена во полуфиналето од Европската лига против Австрија откако судиите им подарија сет на противниците, за израмнување на 1:1.
Спорниот момент се случи при последниот поен од вториот сет, кога при водство на Австрија од 24:23 Македонија беше неверојатно отштетена. По смечот на еден македонски одбојкар топката удри во земја, па потоа од ногата на еден противнички играч беше префрлена на спротивната страна.
Нашиот капитен Никола Ѓорѓиев намерно ја допре мрежата и го прекина поенот барајќи со прегледување на видео-снимката да биде утврдена судиската грешка. Главниот судија по прегледувањето на снимката првo покажа поен за Македонија и израмнување на 24:24, за неполна минута подоцна да се премисли и да им подари сет на австриските одбојкари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст