Во тешката сообраќајка кај Демир Капија во близина на хотел „Парк“, утрово загинал 55-годишниот белграѓанец Љубиша Васиљковиќ, а повредени се неговата сопруга Ивана и трите деца.
Миона (10), Матеј (8) и Теодор (1) се добро, а Ивана е во свесна состојба и комуницира со докторите во велешката болница. Според неофицијални податоци, сопругата е таа што управувала со возилото и веројатно во текот на возењето заспала.
Како што неофицијално дознава српски „Курир“, Ивана е вработена во РТС, а во моментот била на породилно отсуство. Семејството возело кон Грција на одмор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.