| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Нема да има отворена војна, но нема да има ни мир

nato_russia

Нема да има отворена војна, но нема да има ни мир, бидејќи САД и Русија постојано ќе се натпреваруваат и ќе бидат во „војна“ иако никој не би дозволил да е „отворена“, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски во дебатната емисија на ТВ „Нова“  што се емитува вчера на темата „НАТО – Русија, кој од кого се брани“.

– Секогаш ќе се мерат со силите. Но, нема да има отворена војна, а дефинитивно нема да има мир. САД и Русија постојано ќе се натпреваруваат и ќе бидат во „војна“ иако никој не би дозволил да е „отворена“ – изјави Никовски.

Според него Самитот во Варшава ќе ја промени воената доктрина на НАТО.

– Доктрината на НАТО ќе се промени на самитот во Варшава. Веќе ќе се оди со „предупредување“. Според мене Русија не го почна конфликтот во Украина – изјави Никовски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top