Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, ќе ја посети компанијата за производство на кондиторски производи „Милина свитс“ во Штип во функција на промоција на поволностите што ги обезбедува проектот „Македонија вработува 2“, чијашто реализација е веќе во тек.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање на вчерашната седница за пратенички прашања, информира дека реализацијата на проектот „Македонија вработува 2“ почнала, а тој претставува продолжение на проектот „Македонија вработува“, со кој за една година беа отворени околу 19 илјади работни места.
– Би сакал да ги поттикнам сите приватни субјекти да ја информирам јавноста дека од денеска, па во следните 12 месеци започнува проектот „Македонија вработува 2“ и сите оние коишто се заинтересирани можат да ги искористат поволностите за ослободување на плаќање на социјални придонеси во зависност од категоријата невработени лица што ќе ја вработат во период од три до пет години, додека пак за оние невработени до 35 години, покрај ослободувањето за социјални придонеси, има и ослободување од персонален данок – рече Спасов.
Продолжувањето на проектот, потенцира тој, е резултат на ефектите што тој ги даде за период од една година и поради неговиот придонес во намалувањето на невработеноста.
Проектот „Македонија вработува“ почна да се спроведува во април минатата и заврши во април годинава и овозможи значителен пад на невработеноста за период од 12 месеци.
– Споредбено на првиот квартал во 2015 година со првиот квартал во 2016 година невработеноста во РМ се намали за цели 2,8 проценти поени, што впрочем е и најголемото намалување на невработеноста во нашата држава од кога е воведена анкета за работна сила за период од 12 месеци за заклучно со првиот квартал во 2016 година да изнесува 24,5 проценти, што е пак историски најниско ниво на невработеноста во нашата држава – рече Спасов.
Информира дека проектот „Македонија вработува“ резултирал со вкупно 19.000 новоотворени работни места во над 10.140 компании од кои, што е битно е да се истакне, над 90 проценти биле мали компании со десет вработени, односно дека овој проект им помогнал токму на малите работодавачи и на малите бизниси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст