Пратениците од движењето Самоопределување во Парламентот на Косово во понеделникот вечерта поставија знаме на Албанија и табли со натписи „Република Косово“ и „Добре дојдовте“ внатре во територијата на Црна Гора, во областа која, според нивно мислење, му е одземена на Косово во процесот на разграничување.
Полицијата ги отстрани поставените предмети и ознаки, толкувајќи го овој настан како пограничен инцидент за што и ги извести Министерството за надворешни работи и европските интеграции на Црна Гора и побара од овој ресор проблемот да се реши по дипломатски пат.
Од косовското Самоопределување соопштија дека со сите средства ќе продолжат да се противат на наводното подарување на територија која ѝ припаѓа на Косово.
Пратениците од повеќе опозициски партии од Приштина тврдат дека Црна Гора го оштетила Косово за 8000 квадратни метри територија.
Но, независна меѓународна стручна комисија, која беше побарана од доскорашната претседателка на Косово. Атифете Јахјага, не утврди неправилности во процесот на разграничување.
Спогодбата за државната граница помеѓу Црна Гора и Косово е потпишана на 26 август минатата година во Виена по тригодишни преговори помеѓу двете земји.
Црногорскиот парламент минатата година ја ратификуваше спогодбата, но Собранието на Косово сѐ уште го нема сторено тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст