| четврток, 6 декември 2018 |

Загина татко на три деца, во болница неговата сопруга

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во 5.20 часот на патот Неготиво – Демир Капија, животот го загуби 55-годишен маж, а повредени се неговата 41-годишна сопруга и трите деца на возраст од 10, осум и од една година.

Семејството од Белград, Србија, патувало на годишен одмор во Грција, а возилото „даеву“ со белградски регистарски таблички било управувано од сопругата на сега починатиот.

Како што соопшти утрово СВР Велес, до несреќата дошло откако автомобилот удрил лево во заштитната еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот коловоз (автопатот А1 правец Демир Капија – Неготино).

Увид на местото изврши надлежен јавен обвинител и увидна екипа од секторот за внатрешни работи од Велес. Сите повредени се пренесени во Медицинскиот центар во Велес, но е задржана само сопругата, бидејќи децата поминале само со полесни повреди.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top