| четврток, 6 декември 2018 |

Еле­на Ми­лен­ков­ска: Не е про­во­ка­тив­но ако се сли­каш во бо­ди

Ар­тист е во пра­ша­ње, умет­ник кој тре­ба да по­ка­же сѐ што но­си во се­бе и на ка­ков би­ло на­чин да ѝ по­ка­же на пуб­ли­ка­та зо­што е тоа што е

Еле­на Ми­лен­ков­ска не­кол­ку го­ди­ни но­си све­жи­на во ма­ке­дон­ски­от му­зич­ки етер. Ја за­поз­нав­ме ка­ко ти­неј­џер­ка, пр­во со звук и лик на мла­до и фи­но де­вој­че, за по­доц­на, со­од­вет­но на му­зи­ка­та и на го­ди­ни­те, це­лос­но да го про­ме­ни сво­јот изг­лед. Де­нес мла­да­та ма­ке­дон­ска пе­јач­ка се уг­ле­ду­ва на свет­ска­та му­зич­ка сце­на оби­ду­вај­ќи се да го до­не­се трен­дот ту­ка.

Ми­лен­ков­ска не­о­дам­на про­мо­ви­ра­ше уште ед­на пес­на, со „про­во­ка­ти­вен“ ви­де­ос­пот, збор за кој ве­ли де­ка Ма­ке­дон­ци­те го упо­тре­бу­ва­ат мно­гу че­сто и не­по­треб­но.

Тво­ја­та но­ва пес­на „Ти ми ре­че не“ са­мо што из­ле­зе во етер. Кол­ку си за­до­вол­на од ре­ак­ци­и­те на пуб­ли­ка­та и на што ра­бо­тиш се­га?

Ми­лен­ков­ска: Јас сум за­до­вол­на од ре­ак­ци­и­те на пуб­ли­ка­та, до­бив од­лич­ни ко­мен­та­ри за пес­на­та, а са­мо­то тоа де­ка на ед­но од на­ши­те ра­ди­ја бе­ше две не­де­ли пр­ва на топ-ли­ста, ме на­пра­ви уште по­среќ­на. Уба­во е ко­га зна­еш де­ка пес­на­та ја пу­шта­ат на ра­дио, а уште по­у­ба­во ко­га сам ќе си ја слуш­неш. Ве­ру­вам де­ка оваа пес­на има по­тен­ци­јал да ста­не хит. Во мо­мен­тов во сту­дио се ра­бо­ти на не­што но­во, што мис­лам де­ка до кра­јов на ле­то­во ќе би­де ве­ќе во етер, ра­бо­ти­ме на тоа.

Поз­на­та си по тоа што не ште­диш ко­га ста­ну­ва збор за ви­де­ос­по­то­ви­те. Си­те твои пес­ни се при­дру­жу­ва­ни со ква­ли­те­тен и свет­ски ви­де­ос­пот. Та­ка е и со пос­лед­на­та пес­на. Кол­ку е спо­ред те­бе ва­жен ви­де­ос­по­тот?

Ми­лен­ков­ска: Пред сѐ, ви бла­го­да­рам, уба­во е да чу­еш де­ка имаш свет­ски спо­то­ви. И да, не ште­дам ко­га се во пра­ша­ње ви­де­о­за­пи­си­те. Мис­лам де­ка ко­га ќе се сни­ми пес­на­та, вре­ди да се сни­ми и до­бар спот за неа за да се до­ло­ви оној це­ло­сен па­кет и ви­стин­ска­та емо­ци­ја што ја но­си ар­ти­стот. Исто та­ка, за­поз­на­ва­ње на ар­ти­стот пре­ку ви­де­о­за­пи­си, пуб­ли­ка­та са­ка да ви­ди не­што но­во, јас сум си­гур­на во тоа. Мис­лам де­ка дој­де та­кво вре­ме ко­га и во Аме­ри­ка и се­ка­де во све­тот се­кој ар­тист за се­ко­ја но­ва пес­на ва­ди ви­де­о­за­пис, а се­то тоа е мно­гу по­ква­ли­тет­но ко­га е со до­бра за­мис­ла. Ни­ко­гаш не­ма ни да ште­дам ко­га е во пра­ша­ње му­зи­ка­та и она што го са­кам и ра­бо­там, а се­кој на­ре­ден про­ект са­кам да би­де по­ква­ли­те­тен, ра­бо­там на се­бе.

elena_02

Не­маш проб­лем да го по­ка­жеш тоа што го имаш. Имаш про­во­ка­тив­ни фо­то­се­сии, ви­де­ос­по­то­ви… Сме­таш ли де­ка та­ка по­до­бро ќе до­преш до пуб­ли­ка­та?

Ми­лен­ков­ска: Не, ап­со­лут­но. Не са­кам на тој на­чин да до­прам до пуб­ли­ка­та, ни­ту, пак, мис­лам де­ка сум при­ста­пи­ла до­се­га со не­кои ек­стрем­но про­во­ка­тив­ни фо­то­се­сии, си­гур­на сум во тоа. Проб­ле­мот е во тоа што сѐ уште се упо­тре­бу­ва збо­рот „про­ва­ка­тив­но“ ко­га не­кој ар­тист ќе се сли­ка во бо­ди. На при­мер, ка­ко јас на пос­лед­на­та фо­то­се­си­ја. Ар­тист е во пра­ша­ње, умет­ник кој тре­ба да по­ка­же сѐ што но­си во се­бе и на ка­ков би­ло на­чин да ѝ по­ка­же на пуб­ли­ка­та зо­што е тоа што е. Сѐ е уба­во ко­га е во гра­ни­ци­те на нор­ма­ла­та, а јас, фа­ла бо­гу, сум це­лос­но во тие гра­ни­ци. По­крај  свет­ски­от тренд и свет­ски­те ви­де­ос­по­то­ви, мис­лам де­ка лу­ѓе­то тре­ба да поч­нат да ги ури­ва­ат ба­ри­е­ри­те око­лу про­во­ка­тив­но­то.

Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште е мал­ку кон­зер­ва­тив­на на таа те­ма. Што би про­ме­ни­ла ти во се­гаш­на­та му­зич­ка сце­на?

Ми­лен­ков­ска: Ете ток­му тоа и го спом­нав. Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште е кон­зер­ва­тив­на за мно­гу те­ми и за­тоа си­те се бо­рат да ста­нат не­што… А, ко­га сме кај про­ме­ни, мно­гу не­шта би про­ме­ни­ла. Пред сѐ, мно­гу по­ве­ќе да се пу­шта ма­ке­дон­ска му­зи­ка на те­ле­ви­зи­и­те. Мно­гу по­ве­ќе му­зич­ки про­гра­ми. Му­зич­ки еми­сии, фе­сти­ва­ли, слу­чу­ва­ња… Мно­гу фа­ли ма­ке­дон­ска му­зи­ка, лу­ѓе, и мно­гу ми е ми­ло ко­га ќе слуш­нам но­ва пес­на, мно­гу ми е ми­ло ко­га ќе се по­ја­ват но­ви ар­ти­сти. Се­то тоа до­ка­жу­ва де­ка има­ме, но, се­пак, тре­ба мал­ку под­др­шка и од на­ро­дот и од но­ви­на­ри­те.

elena03

Сѐ по­ве­ќе пе­ја­чи се ре­ша­ва­ат та­лен­тот да го по­ка­жат пре­ку му­зич­ко шоу. Си раз­мис­лу­ва­ла ли не­ко­гаш да се при­ја­виш?

Ми­лен­ков­ска: Не сум раз­мис­лу­ва­ла ни­ко­гаш на му­зич­ко шоу. Ве­ро­јат­но по­ра­ди тоа што вед­наш по „Ма­кфест“ поч­нав да со­ра­бо­ту­вам со „Го­ри­ла про­дук­ци­ја“, со ко­ја поч­нав да ра­бо­там од сингл за сингл, па и до ден-де­нес та­ка.

Во тој слу­чај, би за­пе­а­ла ли и тур­бо­фолк, ако ве­ќе дој­де до тоа?

Ми­лен­ков­ска: Тур­бо­фолк лу­ѓе… Зем­ја­ва ни е преп­ла­ве­на од тур­бо­фолк и од срп­ски ар­ти­сти, па за­тоа и мал­ку про­стор оста­на за нас. Не би пе­е­ла ни­ко­гаш тур­бо­фолк, не сум од тој тип лу­ѓе што има­ат пре­дра­су­ди за таа му­зи­ка, зо­што се­кој е чо­век за се­бе и се­кој го пее тоа што го ис­пол­ну­ва, но јас не се про­на­о­ѓам во таа му­зи­ка и не ме ис­пол­ну­ва, ни­ту, пак, до­пи­ра.

Пе­еш од се­дум го­ди­ни и во мо­мен­тов сту­ди­раш на Му­зич­ка ака­де­ми­ја. По­крај усо­вр­шу­ва­ње­то на тво­јот та­лент, што пра­виш за да се по­до­бриш се­бе­си ка­ко лич­ност и ка­ко чо­век, и фи­зич­ки и пси­хич­ки?

Ми­лен­ков­ска: Да, пе­ам од мно­гу ма­ла, а ве­ќе стиг­нав 4. го­ди­на на Му­зич­ка ака­де­ми­ја во Скоп­је на отсек со­ло-пе­е­ње – по­пу­лар­ни жа­нро­ви. Бр­зо по­ми­ну­ва вре­ме­то (се смее). Не пра­вам мно­гу, за жал, би­деј­ќи и са­мо­то вре­ме е пре­мал­ку! Де­нот е кра­ток, но се­кое сло­бод­но вре­ме кое го имам си го по­све­ту­вам се­бе­си раз­мис­лу­вај­ќи за мно­гу те­ми, чи­там кни­ги, тр­чам на кеј, по­се­ту­вам са­ла за веж­ба­ње, се гу­шкам со мо­е­то ку­че, ед­на од ра­бо­ти­те што најм­но­гу ми ја ис­пол­ну­ва­ат ду­ша­та, исто та­ка про­бу­вам да по­ми­нам уба­во вре­ме и со мо­и­те најб­ли­ски. Ова мис­лам де­ка се до­вол­но при­чи­ни за еден чо­век да би­де во до­бра пси­хич­ка и фи­зич­ка со­стој­ба.

Пишува: Марина Костовска
Фото: Ани и Дими

(Текст објавен во 199. број на неделникот „Република“, 24.06.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top