| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо не се сменило: Го препознавате ли ова скопско шеталиште?

madzir maalo

Станува збор за населбата Маџар маало по Втората светска војна, во негова близина имало дом за воени сираци, а подоцна и дом за децата-бегалци од Егејска Македонија.

Овде живееле и пејачите Мирвет Беловска и Зафир Хаџиманов.

madzir maalo sega

Маџир или Мухаџир маало е скопска населба која се наоѓа на десната страна на реката Вардар. Неговото име потекнува од муслиманските доселеници во Македонија кои биле наречени Мухаџири или Маџири. Десната страна на реката Вардар почнала да се населува во 1873-1874 год. кога била изградена железничката линија Солун-Митровица. Покрај доселениците кои живееле на новоформиранита улица Бошњачки сокак или Бошњачки куќи, во Маџир маало имало и староседелци меѓу кои биле старите угледни скопски фамилии Калајџиеви, Димитријевиќ, Галиќ и Бајрам.

Маџир маало имало испресечени куси и тесни улици по кои едвај можело да се помине со кочија со коњи. Прави улици имало во Ново маало, како и помеѓу Маџир и Влашко маало во христијанскиот дел на градот Скопје. Во маалото имало неколку јавни чешми, но речиси во секој двор имало бунар. На десната страна на реката Вардар постоела џамија, наречена Муџахир џамија, која според легендата била подигната од Турци-бегалци од Ниш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top