| четврток, 6 декември 2018 |

Подмoлен удар: ФИБА ја згасна Цедевита, истото го чека и Партизан

fiba

Поради учеството во Еврокупот наредната сезона ФИБА побара од Кошаркарскиот сојуз на Србија – КСС да ги суспендира црно-белите, да им забрани да играат во домашното првенство и да стави забрана на издавање лиценца на играчи и за трансфери.

Со ова, коментираат српските медиуми, ФИБА, практично, бара да згасне најтрофенјио српски клуб, затоа што прифатил да игра во Еврокупот.

КСС денеска ќе се изјасни каков став ќе заземе и дали ќе го почитува барањето на ФИБА.

Ова барање им е упатено на сите земји, чиишто клубови се согласија да настапуваат во европското натпреварување.

Хрватскиот кошаркарски сојуз веќе ја суспендира Цедевита и вчера отвори постапка за исклучување на клубот од својот состав поради тоа што се пријавила за учество в Еврокупот. Не се наведува какви последици ќе има одлуката за хрватскиот куп, ниту во кој рок ќе се спроведе постапката. ХКС наведува дека тоа се должи на барањето на ФИБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top