Вработените во трговскиот синџир „Босо“, кој има околу 170 продавници во Славонија, се жалат на условите на работа што ги наметнал наследниот на стариот газда, неговиот син Миховил Станиќ. Освен што се принудени да купуваат само од синџирот во којшто работат, тие откриваат и како работи пекарницата во рамките на маркетите „Босо“.
– Сето месо што ќе остане на свадбите се замрзнува. И кога ни треба месо, оди на одмрзнување, се преработува и се става во бурек. Така прават бурек цело време. Сѐ што содржи месо во нашата пекарница, е направено со месо од свадби – објаснува Томислав Скелац, поранешен работник во „Босо“ за ТВ-емисијата „Проверено“ на „Дневник.хр“.
– Не знаете колку смрди кога доаѓа тоа месо во бели канти од поликолор, ниту е покриено ниту има некаква заштита. И само ќе го истресат од комбиња во кади и потоа се преработува во бурек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст