Зад терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул би можел да стои еден Чеченец, кој има статус на азилант во Австрија, пишуваат виенскиот печат.
Како што се наведува, станува збор за Ахмед Чатаев, кој во 2003 година дошол во Австрија откако добил азил. Девет години подоцна, тој заминал во џихад во Сирија, а сега е осомничен дека стои зад нападите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, тврди виенскиот весник „Пресе“.
-Турските власти веќе контактираа со нас, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, КарлХајнц Грундбек.
Чатаев, татко на четири деца, познат ѝ е на австриската полиција, која во својата база на податоци го води како „странски борец“, односно лице што се приклучило во борбата на исламистичките екстремисти во Сирија. Инаку, повеќе од половината „странски борци“, кои во Сирија заминале од Австрија, по потекло се од Чеченија. Чатаев последен пат е виден во пограничниот регион меѓу Сирија и Турција, наведува „Пресе“. Неговото име и претходно се спомнувало во турските медиуми, како организатор на крвавиот напад во Анкара, во октомври минатата година. Крвавата трага од аеродромот „Ататурк“ води во Австрија. Се појави како организатор на терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул. Турските медиуми тврдат дека терористичката група предводена од Чатаев, на 25 мај влегла на турска територија и дека нејзините припадници изнајмиле станови, во кои ги планирале нападите. Чатаев кој крајот на 90-тите се борел на страната на чеченските бунтовници, а во 2000 година бил ранет и фатен од руските сили. Подоцна успеал да избега во Австрија, а при постапката за добивање азил, тој навел дека бил изложен на тортура. Поедини турски медиуми го нарекуваат „едноракиот Чеченец“ бидејќи во војната ја загубил раката. На аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во терористичкиот напад се убиени 42 лица, а повеќе од 250 ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.