Со 223 гласа „за“, грчкиот парламент синоќа го одобри договорот со кинеската компанија „Коско“ за купување на мнозински пакет акции во најголемото грчко пристаниште „Пиреја“, јави дописникот на МИА од Атина.
Законот го поддржаа пратениците на Сириза, Нова демократија, Демократската коалиција, Потами, Независни Грци и на Унијата на центристите, додека претставниците на Златна зора и на Комунистичката партија беа против.
На гласањето му претходеа турбуленции кои владата на Алексис Ципрас ги смируваше во последен момент. „Коско“ покрена приговори за „еднострани“ промени во договорот за продажба на „Пиреја“ пред да биде поднесен за гласање во Парламентот. Плашејќи се дека тоа ќе фрли сенка врз посетата на Ципрас на Пекинг која почнува денеска, владата вчера ги повлече промените.
„Коско“ ја обвини владата и Агенцијата за приватизација „Таипед“ дека смениле неколку точки од она што беше договорено меѓу двете страни на 8 април, предупредувајќи дека нема да прифати никакви промени и оти договорот за купување на 67 проценти мнозински удел во Пиреја ќе пропадне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст