Во албанскиот приморски град Саранда откриен е споменик на поранешниот американски државен секретар и демократски кандидат за преседател на САД, Хилари Клинтон.
Споменикот, според локалните власти, е поставена во знак на благодарност за придонесот што таа го дала „за Албанија на меѓународна сцена, за Албанците во значајни историски мигови и воопшто за албанското прашање“.
Одлука за поставување на споменикот на Хилари Клинтон беше едногласно донесена од страна на општинскиот Совет кон средната на минатиот месец.
– Откривањето на споменикот нема никаква врска со претседателските избори (во САД), изјавил авторот, познатиот албански склуптор Идриз Балани.
На свечноста присуствуваа локалани жители, граѓани од Косово, градоналачничката на Саранда, Флорјана Кока, како и гувернерот на Дипломатската мисија за мир и напредок, Шефки Хиса.
Споменикот е поставен во градскиот парк.
Инаку ова е втор споменик на еден член од семејството Клинтон на овие простори, откако во Приштина во 2009 беше поставен споменик на поранешниот американски претседател и сопруг на Хилари, Бил Клинтон за „неговиот придонес за ослободувањето на Косово“.
Во Албанија, последните години, споменици веќе добија американските претседателите Вудроу Вилсон во Тирана и Џорџ Буш во Фуш Круја, како и Ричард Холбрук во Фиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст