Продуцентите на филмот за англискиот фудбалер Џејми Варди, којшто треба да излезе во кината следната година, планираат да го изостават неговиот настап со националниот тим на Европското првенство во Франција.
Во филмот за подемот на 29-годишниот фудбалер од аматер до една од најголемите ѕвезди во Премиер лигата требаше да има сцени од неговите настапи на Европското првенство. Сепак, по срамната елиминација на Англија од аутсајдерот Исланд во осминафиналето, тие сцени ќе бидат исечени од филмот.
Напаѓачот на Лестер постигна клучен израмнувачки гол против Велс во фазата на групи, но беше во стартната постава на „Трите лава“ на само еден од четирите натпревари во Франција и не успеа да го спречи поразот од Исланд со 2:1 во понеделникот.
-Решивме повеќе да се фокусираме на неговите настапи за Лестер. Ако нешто големо се случеше на Европското првенство, сигурно ќе беше јаготка на шлагот, но не испадна ништо од тоа, изјави продуцентот Адријан Батчарт за „Делји Стар“.
Снимањето на филмот треба да почне за два месеца и Џејми Варди ќе го глуми ѕвездата на „Уан Дајрекшн“, Луи Томлинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст