Зад терористичкиот напад во Истанбул би можело да стои еден Чеченец, кој има статус на азилант во Австрија, пишуваат виенските весници. Според нив, се работи за Ахмед Чатаев, кој во 2003 година дошол во Австрија, каде што добил азил.
– Турските власти веќе контактираа со нас, потврди портпаролот на Минситерството за внатрешни рабори на Австрика, Карл-Хајнц Грундбек.
Чатаев е татко на четири деца, познат ѝ е на австриската полиција, која во базата на податоци го води како „странски борец“, односно лице кое се приклучило на воорушената борба на исламските исламисти во Сирија.
Инаку, повеќе од половона од „странските борци“ кои во Сирија дошле од Австрија, по потелко се од Чеченија.
Полседен пат Чатаев бил виден во пограничниот регион меѓу Сирија и Турција, наведува Пресе. Неговото име и порано се спомнувало во турските медиуми, како организатор на крвавиот напад во Анкара во октмоври минатата година. И овојпат то се јавува како организатор на терористички напад – нападот на аеродромот во Истанбул.
Турските медиуми тврдат дека терористичката група околу Чатаев на 25 мај влегла на турска територија и дека нејзините припадници изнајмиле станови во кои го планирале нападот.
Кон крајот на деведесеттите Чатаев се борел на страната на чеченските бунтовници, а во 2000 е ранет и паднал во рацете на руските сили. Подоцна успеал да избега во Австрија, а во постапката за добивање азил навел дека е изложен на малтретирање.
Некои турски медиуми го нарекуваат Едноракиот Чеченец, бидејчи во војната ја изгубил едната рака.
На аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во териристички напад беа убиени 42 лица, а околу 250 беа ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.