Вкупно 53 лица вчера, на празникот на трудот Први Мај, кој традиционално, во Македонија се прославува со скара и пиво, биле прегледани во Ургентниот центар во Скопје, сите по повреди во сообраќајни несреќи. Оваа бројка ја соопшти доктор Илир Касани, од Ургентниот центар.

Според Касани, вчера во Ургентниот центар се прегледани вкупно 129 лица, од нив 53 биле повредени во сообраќајни несреќи, а 28 лица биле задржани на болничко лекување.
Директорката на Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“, Јасмина Чабуковска соопшти дека во нивната институција не се донесени пациенти со потешки повреди, а дека имало полесни повреди без некои позначајни скршеници. Во текот на вчерашниот ден таму имало четири хоспитализирани пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


