| четврток, 6 декември 2018 |

Брат, овој носи капут на жештинава, да го следиме

Во медиумите се појави снимка од комуникацијата меѓу полицајците во цивил кои го забележале чудното однесување на напаѓачите на истанбулскиот аеродром извршен во вторникот навечер беше извршен терористичкиот напад во кој имаше многу жртви и повредени.
На полицијата напаѓачите и биле сомнителни и тргнале по нив. Полицаецот кој ги забележал сомнителните лица испратил порака до својот колега дека видел маж кој носи зимска јакна и покрај големата жештина, пишува „Хуриет“.
-Оди наоколи во капут по оваа вруќина? Брате, тој изгледа како крадец, ќе го следиме ли?, прашал полицаецот. Колегите се сложиле дека треба да му побараат лична карта.
Откако побарале да им покаже документ, напаѓачот се наведнал и глумел дека ја бара. Набргу извадил пиштол и почнал да пука. Го погодил полицаецот што му побарал легитимација, и тој во моментов се бори за живот во турските болници.
Терорист потоа почнал да трча по скалите кон терминалот за меѓународни слетувања и таму ја активирал бомбата која се наоѓала околу неговиот појас.
На видео снимките на безбедносните камери мажите кои се разнесоа може да се видат како се движат кон зградата на аеродромот и се смеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top