Првииот гитарист на легендарниот пејач Елвис Присли, Скоти Мур, почина ноќеска на 84-годишна возраст.
Мур, кој со Присли ги сними „That’s All Right Mama“, „Heartbreak Hotel“ и „Hound Dog“, починал во Нешвил по неколкумесечно боледување, објави списанието „Ролинг Стоунс“.
– Изгубивме еден од најдобрите луѓе кои некогаш сум ги запознал, напиша на Инстаграм Мет Рос-Спранг, студиото „Сан“ во Мемфис. – Гитарист кој го промени светот… особено мојот, додаде тој во пораката.
Мур е роден во Гадсен во американската сојузна држава Тенеси. Почнал да свири гитара на осумгодишна возратс, а во бендот на Присли го донел легендарнито продуцент Сем Филипс во 1954 година,
Во групата позната како „Блу Мун Бојс“ биле и басистот Бил Блек и тапанарот Ди.Џеј. Фонтеин, кои Присли го следеа повеќе од една деценија во песните со кој стана крал на рокенролот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст