Дали да им верувате или не? Сепак важно е да знете дека некои од овие митови веројатно се само тоа – митови, но некои можеби и ќе ве изненадат.
Големо стапало, голем пенис
Сосема неточно! Со мерењето на должината на пенисот и должината на стапалата на 104 мажи, истражувачите од Универзитетот во Лондон докажале дека не постои врска помеѓу големината на овие два дела од телото.
Афродизијаците навистина делуваат
Уште од Античка Грција постои верување дека одредени намирници го зголемуваат сексуалниот апетит. Остригите, чоколадата и медот се само некои од намирниците кои наводно ја стимулираат желбата за секс. Меѓутоа, истражувањата покажале дека овие намирници не содржат никакви состојки кои би можеле да влијаат врз либидото. Најверојатното објаснување за афродизијаците, велат научниците, е плацебо ефектот
Сексот за време на менструација е безбеден
Многумина мислат дека жената не може да забремени за време на сексот „во оние денови“ бидејќи тогаш е веќе ослободена од јајце клетките. Сепак, тука постои проблем бидејќи ретко која жена има регуларен циклус и овулација. На пример, жените кај кои менструацијата трае подолго, таа може да се совпадне со овулацијата, што значи дека тие се плодни и во тие денови. Друг проблем е што сперматозоидот може да живее неколку дена и после менструацијата да оплоди јајце клетка. Затоа, не ризикувајте.
Г – точка
Дали постои Г – точката или не, е една од најчестите теми во врска со сексот. Врз основа на студиите кои во 2009 година ги спровел Кралскиот колеџ во Лондон, е заклучено дека и доколку Г – точката навистина постои, нема никакви научни докази за тоа.
Големината е важна
Колку големината на пенисот влијае врз задоволството во сексот е тема за која вечно се дебатира. Официјалниот став на научниците после истражувањата е дека големината на „алатот“ нема никакво влијание врз сексуалното задоволство на жените. Просечната должина на пенисот во ерекција е 14 цм, што е од прилика и просечната длабочина на вагината. Доколку пенисот е премногу болен, сексот може да биде болен и непријатен. Освен тоа, повеќето нервни завршетоци се наоѓаат на влезот од вагината, што значи и дека за стимулација на тие нерви не е потребен голем пенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст