Апелацискиот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда за свештеникот Милован Џ. од Ковин (58) и го осуди на пет години затвор затоа што во 2014 година извршил обљуба на 13-годишно девојче.
Малолетничката В.П. (15) кога била обљубена имала 13 години и пеела во црковниот хор. Неколку месеци пред тоа Милован Џ., ја повикал да му помогне во црквата, а за тоа и ветил дека ќе ѝ плати.
– Бабата и дедото на девојчето забележале дека чудно се однесува и ја притискале да каже што се случува, а таа ка крајот ѝ се доверила на тетка си на која ѝ кажала дека на 1 јануари свештеникот ја намамил во свечената сала и ја силувал – изјавил за српски „Блиц“ извор близок до истрагата.
– Вториот пат кога се обидел да ја силува бил пијан, па таа успеала да побегне – додава тој.
Таа на сослушувањето била потресна, а на инспекторите им раскажала што ѝ рекол блудниот свештеник по насилничкиот чин.
– Ѝ рекол на никого да не каже за силувањето затоа што и така никој нема да ѝ верува, а по обљубата ѝ дал благослов, а потоа ѝ рекол дека е многу паметна – завршува изворот.
Од СПЦ изјавиле дека свештеникот ќе биде расчинет доколку обвинувањата се покажат како точни. Гинеколошкиот преглед потврдил дека девојчето ја говорело вистината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст