Драган Ангеловски е човекот кој својот двор го претворил во рајска градина и со право ја доби наградата за најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување во населбата Лисиче, на традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор и за најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.
Наградата за најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO стандарди и придонес кон зачувување на животната средина) ја доби „ПАКОМАК“ – Друштво за управување со пакувања и отпад од пакувања, за проектот „3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар – 3Д екобус“.
Наградата за најголем придонес за заштита на животната средина и природата отиде во рацете на Јоти Поповски, м-р по еколошки науки, дипломиран инженер технолог, за поголем број проекти меѓу кои: анаеробни пречистителни станици со континуирана биофилтрација; постројка за отстранување на SO2 и прашина од парни котли и термички централи и биофилтер за отстранување нитрати од водата за пиење.
Наградата за најубаво уреден двор на објект за колективно домување припадна на Заедницата на сопственици од зграда на улицата Востаничка, на Водно.
Во категоријата најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта наградата ја доби Марта Ристовска, VII Б одделение во ООУ „Наум Охридски“, село Црешево. Меѓу учениците од средните училишта наградата за најубав состав ја доби Калина Танчева II-7, СУГС „Никола Карев“.
Во категоријата најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта наградата ја поделија Цветанка и Вероника Коруноски, III В одделение, во ОУ „Невена Ѓеоргиева – Дуња“. Наградата за најубав цртеж за ученици од средните училишта наградата ја поделија Ангела Ристиќ и Тамара Трпковска, II-6 во СУГС „Димитар Влахов“.
Конкурсот е дел од манифестацијата „Денови на пролетта – Денови на екологијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)