| четврток, 6 декември 2018 |

Мајор на Аркан ја сака вилата на Цеца

Мајор на Аркан сака да ја земе вилата на Цеца, објавува српски „Ало“. Според нивните информации педесет и четири годишниот Војислав Ѓурковиќ, поранешен пријател на Аркан и мајор во неговите „Тигри“, не отстапува од барањето, српската турбо-фолк ѕвезда да му врати 116.063 евра. Додека таа не му ги исплати барањата, Мајорот смета дека Цеца не смее да располага со вилата во Дедиње.

Апелациониот суд го вратил на повторно судење неговото барање да и се забрани на Цеца да ја продава вилата и да го стави првиот спрат под хипотека, додека не му го врати долгот. Вишиот суд еднаш го одби овој предлог на мајорот на Аркан, но Апелациониот ја укина таа одлука на Вишиот суд.

Цеца постојано тврди дека парите ги зел Аркан, но Ѓурковиќ вели дека ги зел за нејзини потреби во нејзино присуство. Инаку, над вилата на Цеца на Дедиње веќе има хипотека со која државата се осигура дека таа ќе ја плати третата рата од половина милион евра поради малверзациите при продажбата на фудбалери од Обилиќ . Рокот за отплата истекува во јуни, а до сега Цеца редовно ги подмирувала обврските и исплатила милион евра!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top