Врз основа на заклучокот од последното Собрание на Ракометната федерација на Македонија по однос на ангажирањето на странски играчи во македонските ракометни клубови кои учествуваат во македонската ракометна машка Суперлига, на 29 јуни 2016 г. во просториите на РФМ се одржа работен состанок помеѓу клубовите кои се натпреваруваат во споменатиот највисок степен на натпреварување и раководството на Федерацијата.
За потсетување: согласно одлуката донесена во 2014 година од страна на УО на РФМ за ограничување на бројот на странски играчи во македонските ракометни клубови кои учествуваат во македонската Суперлига беа утврдени следниве квоти на ангажирани странски ракометари:
Сезона 2015/16 – максимум 12 странски играчи
Сезона 2016/17 – максимум 11 странски играчи
Сезона 2017/18 – максимум 10 странски играчи
Сезона 2018/19 – максимум 9 странски играчи
Сезона 2019/20 – максимум 8 странски играчи
По исцрпната дискусија и детална анализа на сите сегменти во кои се одвива натпреварувањето и по изнесување на ставовите на претставниците на сите клубови, заеднички беше донесен следниот заклучок:
ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2017 / 2018
Да стапи на сила дополнителна регулатива со која клубовите имаат право на ангажман на странски ракометари според следниве спецификации:
Квота А: Максимум 4 (четири) странски ракометари по произволен избор на клубовите и Квота Б: Останатиот број до максимум 10 (десет) странски ракометари задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Да бидат репрезентативци на земја која е рангирана меѓу ТОП 15 земји според последната официјална ЕХФ ранг листа за машки репрезентации.
2. Да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните 5 години.
3. Клубовите имаат право, и сите максимум 10 (десет) странски играчи да ги ангажираат според спецификациите од Квотата Б, но немаат право да ангажираат повеќе од 4 (четири) играчи по произволен избор (Квота А).
ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2018 / 2019
Да стапи на сила дополнителна регулатива со која клубовите имаат право на ангажман на странски ракометари според следниве спецификации: Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите и Квота Б: Останатиот број до максимум 9 (девет) странски ракометари задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Да бидат репрезентативци на земја која е рангирана меѓу ТОП 15 земји според последната официјална ЕХФ ранг листа за машки репрезентации.
2. Да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните 5 години. Клубовите имаат право, и сите максимум 9 (девет) странски играчи да ги ангажираат според спецификациите од Квотата Б, но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) играчи по произволен избор (Квота А).
ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2019 / 2020
Да стапи на сила дополнителна регулатива со која клубовите имаат право на ангажман на странски ракометари според следниве спецификации: Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите и Квота Б: Останатиот број до максимум 8 (осум) странски ракометари задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Да бидат репрезентативци на земја која е рангирана меѓу ТОП 15 земји според последната официјална ЕХФ ранг листа за машки репрезентации.
2. Да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните 5 години. Клубовите имаат право, и сите максимум 8 (осум) странски играчи да ги ангажираат според спецификациите од Квотата Б, но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) играчи по произволен избор (Квота А). Ограничувањето за странските играчи се однесува ЕДИНСТВЕНО на домашно првенство, а за учество во евро-куповите и во СЕХА лигата НЕ ВАЖИ горенаведената регулатива и клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.
Почнувајќи од натпреварувачката сезона 2017/2018, секој клуб е должен во списокот од 16 (шеснаесет) пријавени играчи на секој официјален натпревар во машката Суперлига да има минимум 2 (двајца) македонски ракометари на возраст до 21 година.
2. Клубовите кои се натпреваруваат во највисок степен на натпреварување согласно пропозиции до сега имаа обврска да пријават и младинска екипа, а од сезоната 2017/18 ќе имаат задолжителна обврска да пријават и/или пионерска или кадетска категорија во системот на натпревари на РФМ. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст