| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Динамо Загреб за 100 денари!

Најтрофејниот македонски клуб на сите времиња наредниот месец го очекува нова одисеја на европската фудбалска сцена. Нашиот сакан Вардар во вторник, на 12 јули, со почеток од 20.45 часот, на арената „Филип Втори“ во Скопје, ќе го пречека хрватскиот првак Динамо Загреб, во првиот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Влезниците за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Тикет плус“, како и преку веб-сајтот ticketplus.mk. Сите заинтересирани љубители на фудбалот, во периодот од 1 до 6 јули, ќе може да ги набават влезниците по промотивна цена од само 100 денари, а потоа, до денот на одигрувањето на натпреварот, ќе чинат 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top