| четврток, 6 декември 2018 |

Момче излета од автопатот Скопје – Велес

Дваесет и седумгодишниот М.М од Македонски Брод  е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер пред патарината кај Кадински мост на автопатот Скопје – Велес.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена синоќа во 23.30 часот, а се случила откако автомобил „фолксваген поло“ со регистерски ознаки на Македонски Брод,  управуван од М.М., удрил во метални браници, а потоа излетал од коловозот и удрил во метална ограда.

Повредениот со возило на брза помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје каде што е задржан за натамошно лекување.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на сообраќајката и се работи на нејзино целосно расчистување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top