| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна мисица пронајдена мртва во својот стан

fabiane-niclotti

Фабиен Никлоти, Мис на Бразил за 2004 година, е пронајдена мртва во својот дом во Грамадо. Оваа 31-годишна убавица била пронајдена од полицијата откако брат ѝ ги повикал, а, како што изјавил тој, Никлоти не се јавувала на телефон и не отворала врата.

 Според членовите на нејзиното семејство, таа страдала од депресија и претходно се обидела да се самоубие.
Како што вели полицијата, според начинот на кој е најдено нејзиното тело, претпоставуваат дека таа извршила самоубиство.
Таа станала позната откако ја освоила круната „Мис Бразил“, но не се пласирала добро на натпреварот за Мис универзум. По тој неуспех, таа не успевала да стане популарна во модните води и нејзината кариера пропаднала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top