| четврток, 6 декември 2018 |

Психијатриско вештачење за осомничениот – момчето пронајдено во бунар било убиено

Јавното обвинителство од Куманово побара притвор за осомничен за убиството на кумановецот, кој неколку дена се водеше како исчезнат. Наредено е и психијатриско вештачење на осомничениот, како и вештачење на материјалните докази пронајдени при претресот на неговиот дом.

Како што соопшти денес МВР, во вторникот вечер во 20.05 часот во СВР Куманово, Ф.Д. (29) од Куманово пријавил дека до бунарот што бил во близина на црквата „Света Мина“, имало траги од стапала и траги од крв.

Увидна екипа од СВР-Куманово излегле на местото на настанот, при што околу бунарот пронајдени биле траги слични на крв, а до бунарот билпронајден еден истрелан куршум од непознат калибар, а во неговата внатрешност бил пронајден непознат машки труп, кој бил изваден од бунарот.

Било утврдено дека се работи за Б.И.(31) од Куманово, кој во пределот на лицето имал рана, најверојатно, направена од огнено оружје.

Тој бил пријавен за исчезнат на 26 јуни, односно од 2.15 часот не се вратил дома.

По наредба од јавен обвинител телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top