| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава без охрдски цреши: Мечка ги обра црешите во Велгошти

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Мечка ги обрала и ги уништила црешните од една нива во атарот на селото Велгошти.

Овој несекојдневен настан, како што дознава охриднет од жител на Велгошти, се случил пред пет дена во месноста Магарска Vода, недалеку од Велгошти.

Споственикот на плантажата сведочи дека доцна вечерта или рано утрото, мечката се спуштила до нивата и уништила многу од насадите полни со цреши.

Мечката и нејзиниот див црешнобер му нанела голема штета на сопственикот на црешите, кој очекувал добра продажба и заработка.

Ова е прв случај мечка да нанесе голема штета во овој регион, но почесто настрадувале пчелини кошници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top