Во новиот број на Република што е во продажба од утре, 1 јули 2016 година, ќе читате:
Британија заминува од ЕУ
Брегзит носи нови предизвици за Македонија
Заминувањето на Велика Британија од Европската унија е најголемата катастрофа што ѝ се случила на идејата за обединета Европа од 1950 година кога францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, го претстави проектот кој, и покрај студената војна и биполарниот свет, успеа да донесе повеќедецениски мир на континентот по Втората светска војна. Катастрофата, која за 24 часа ја урниса британската фунта, ја намали вредноста на британските домови и ги вознемири глобалниот пазар и инвеститорите, може да биде претворена во предност само ако од неа бидат научени неколку важни лекции, во прв ред кои се потребите и желбите на граѓаните на Европа. Една од лекциите за кои ние се надеваме дека ќе ги научат Брисел, Париз и Берлин е дека ЕУ не смее да се сврти кон себе, туку во претстојната реформа да најде место и за интересите на „малите“ држави како Македонија.
Милион желби за продолжување на кризата
Ни златна рипка не и помага на СДСМ
На почетокот на месецот опозицијата плачеше за одложување на изборите, надевајќи се дека ќе продолжи да партиципира во власта без одобрение од граѓаните. Но, кога министрите им беа исфрлени на улица (по нивно барање) повторно почнаа да коленичат кај странците за нова техничка влада. Дури и беа убедени дека до крајот на јуни ќе се вратат во министерските фотелји. Бидејќи овој пат не успеаја да ги намолат да им ја исполнат желбата, се решија и ова лето да го напушат собранието и да фатат на колективен одмор. Се разбира, и овој пат на сметка на граѓаните.
Додека се чека странска донација на нова златна рипка, преку платеничката револуција се измислуваат разно разни уцени и барања за вештачко одржување на кризата. За да се креира слика дека „револуционерите“ се на улица, а не на плажа се испорача ултиматум до Уставниот суд за позитивно произнесување во врска со иницијативата за легитимноста на СЈО. Рокот помина, но ништо не се случи. Сега, на крајот на месецот, повторно „им светна“ нова идеја – сакале и специјален суд. На желбите и лудилото им нема крај. Кој знае што ќе им текне во јули и август кога ќе ги удри сонцето во глава. А кој знае, можеби и навистина ќе уловат некоја златна рипка.
Груевски најави избори и победа
Македонија ќе стави крај на оваа политичка хајка
Од почетокот на 2015 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се напаѓани со специјални средства, а СДСМ ја има добиено улогата да одглуми вешт напаѓач. Слабо ја врши таа улога, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред партискиот подмладок. Упатувајќи ги политичките пораки, Груевски посочи дека ќе има избори, но треба да се внимава и да не се дозволи СДСМ повторно да ја злоупотреби состојбата за предизвикување нови штети врз државата. А штети има.
Веќе е јасно дека политичкиот вител во кој денес е заглавена македонската опозиција, а со неа и државата, се должи на фактот што јавноста ја препозна нејзината гола борба за власт. Бегството од два изборни датума во една година, притоа барајќи „трета мајка“, но под „специјални услови“, повторно свртувајќи се кон улицата, каде што се користи пратеничкиот имунитет за деструкции, е само показател дека и на опозицијата и на нејзините спонзори им е јасно дека изборите, кога и да се случат, нема да ѝ донесат победа.
Патат по комунистичкото минато
СДСМ не може без партиски суд
Незадоволни од ефектот на Катица Јанева, поразени од недостигот од аргументи и кратерите во нејзините театрални обвиненија и водени од специјалната потреба за враќање на власт СДСМ се сети како да го реши проблемот. Еурека: едноставно, ќе си отворат специјален суд, кој ќе работи по нивна желба, ќе дава притвор без докази и ќе им излезе в пресрет за сѐ што си сакаат! Почитувана и независна институција, која, најверојатно, ќе ја раководи Калајџиев, а лева, десна и специјална рака ќе му бидат Тортевски, Шилегов и Шкариќ. За атер на „чадорот“, ќе ги вработат и Фрчкоски и Најчевска. Првиот ќе се грижи за изгледот и ќе им купи коњи за на работа, настрана „рејбан“, а втората ќе им игра балет за отпуштање. За платите си знаете…
Прекројувањето на државната каса во интерес на економијата
Има пари за инфраструктурните проекти
Капиталните инвестиции за десет години се зголемени за 3,6 пати. За разлика од 2006 година кога беа 156 милиони евра, годинава изнесуваат 568 милиони евра и се на највисоко ниво досега. Во инфраструктурата, капиталните инвестиции се зголемени речиси четирикратно.
Добро осмислено прекројување на државната каса. Вака упатените го коментираат ребалансот на буџетот, кој некои ставки намали, други зголеми, но најважно од сѐ е што нема кратење во делот на социјалните трансфери, а големо внимание е посветено и на продолжување на реализацијата на инфраструктурните проекти. Со ребалансот се обезбедуваат и пари за плати, пензии, социјална и постојана парична помош. Најголемо кратење има кај трошоците за стоки и за услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст