| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре ограничена пловидба на скутери и на чамци по езерата

skuteriОд утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и на чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро. Чамците, пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 5 часот. Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски упати апел за почитување на ограничувањата и пропишаните правилници за пловење.

–    Контролите се одвиваат рутински и секојдневно се апелира до сите наутичари нивните чамци да бидат регистрирани, да поседуваат уверение за пловидба и да се опремени со соодветна опрема пропишана со правилниците – изјави Устијаноски.

Тој потсети дека за некој прекршоци може веднаш да се даде забрана, но доколку има недостатоци постои можност за советување и во одреден рок да ги отстранат недостатоците.

– Доколку тој рок не се почитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба – нагласи Устијаноски.

Ограничувањата за пловидба на скутерите е за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата од безбедносни причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top