Светските пејачки, како Ријана, Мајли Сајрус, Мадона, па и балканските, Цеца, ЈК, не излегуваат на сцената ако треба да се појават пристојно облечени. Секое појавување пред публиката на сцена им е во долна облека, дополнета со тантела, мрежести хулахопки, подврски.
Јелена Карлеуша, на пример, на настапите повеќе е соблечена отколку облечеа, Ана Николиќ и Наташа Беквалац многупати дури и не носат долна облека, а и на Северина не ѝ е непознато чувството како е да се парадира пред неколку илјади погледи само во гаќички.
Нашите пејачки се малку посрамежливи, повеќето играат на домаќинска карта, но, сепак, има некои што ги следат колешките со светска и со балканска слава. Добро, малку го приспособуваат имиџот на нашиот менталитет.
Освен Сузана Гавазова, на сцена во гаќички се нема појавено ниту една друга фолкерка. Останатите, изгледа, се малку посрамежливи, за нив сцената најчесто е место за раскошни тоалети или куси фустанчиња.
Но, ситуацијата пред фотоапаратите е поинаква, па имаме цела листа со пејачки кои се подразголиле и одлучиле да се покажат во малку послободно издание.
Така, Каролина Гочева своевремено позираше за „Плејбој“, па имавме можност да ја видиме во долна облека, а во послободно издание ја имаше и на еден календар. Сме ги виделе и Сања Барбика, Елена Велевска, Јасмина Мукаетова додека беше активна на естрадата, Лоба, Дани…
Извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст