Убавата фолк-пејачка Јасмина Мукаетова, која пред околу седум години ја напушти естрадата и се посвети на семејниот живот во Њу Џерси, деновиве му се врати на родното Кавадарци.
Со оглед на тоа дека поминаа неколку години откако за последен пат ги посети своите родители, блиски роднини и пријатели, очигледно кај Јасмина и сопругот Трајче преовладала носталгијата, па летово решија да го поминат во Тиквешко.
Според приложеното на социјалните мрежи, може да се види дека Јасмина или Џас, како што ја нарекуваат најблиските, времето во Кавадарци го користи за дружба со пријателки.
На фотографијата каде се релаксира во еден кавадаречки ресторан, Џас изгледа како раскошна лавица со бујната коса и сексапилниот изглед.
Многу пријтели преку коментари ѝ посакаа добредојде, како и тоа да најде време да се подружи со нив.
Инаку, Јасмина во бракот со кавадарчанецот Трајче ги има двете синчиња, Диме и Зуко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст