| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите на УКИМ избираат нов лидер

izbori-1-640x360

Студентите на УКИМ денеска избираат нов лидер. Гласачките места беа отворени утрово во 9 часот, а изборот засега се одвива мирно.

izbori-2-640x360
Избирачките кутии се поставени на 23 факултети од скопскиот универзитет, а студентите треба да го дадат својот глас за еден од двајцата пријавени кандидати за позицијата претседател на Студентскиот парламент на УКИМ: Стефан Василевски, кој ја има поддршката од шест матични студентски парламенти и Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНKИ), зад кого застанаа седум матични студентски парламенти.

izbori-3

Гласањето ќе заврши во 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top