Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, вечерва присуствуваше на Ифтар вечера во Лажани.
Тој беше во придружба на државниот секретар на МВР, Анастасија Илиеска и на градоначалникот на Долнени, Боше Милошески.
„Со голема чест и задоволство присуствувам на Ифтар вечерата во населеното место Лажани во општина Долнени, по повод рамазанските пости. Овие заеднички чествувања се уште една потврда дека различната верска припадност не претставува никаков стереотип, туку напротив, дополнителна причина за взаемно почитување и негување на традицијата и обичаите. На сите граѓани од исламска вероисповед и нивните семејства им посакувам многу здравје, среќа, мир, спокој и благосостојба“, напиша Ристовски на „Фејсбук“.
Високи функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови организираат и се дел од Ифтар вечери со што уште еднаш докажуваат дека цел на партијата е да обединуваат луѓе од различни етникуми и верски заедници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст