| четврток, 6 декември 2018 |

Капелата Чазек е толку морбидна што и фанатици би се откажале од Бога (ФОТО)

kapela chazek

Од улица црквата „Свети Бартоломеј” во полскиот град Чермна изгледа дури и како слатка мала незабележлива капеличка, која не се истакнува апсолутно по ништо. Веројатно и би ја одминале без да ја забележите. Но, многу ќе погрешите. Зад нејзините ѕидови се крие морничава тајна.

kapela chazek7
Позната е како Капела Чазек, што во буквален превод од полски значи Капела на черепите. И името не е случајно, туку навистина е соодветно. Уште од предната страна ќе видите за што станува збор.

Сеќавање на таковината

kapela chazek3

Ја изградил чешкиот свештеник Вацлав Томашек во 1776 година по пример на Гробната црква на сите свети в Чешка. Сакал и ова здание да биде повеќенаменско – капела која воедно ќе биде и масовна гробница.

Триесетина години миел коски

kapela chazek2

Ентериерот е украсен со коски од повеќе од 3000 луѓе. Меѓу нив има и жртви од триесетгодишната војна (1618-1648), од Шлеските војни (1740-1763) и жртви на епидемија на колера, чума, сифилис и на умрени од глад. Од 1776 година до 1804 Томашек грижливо ги собирал коските, ги чистел и внимателно ги редел черепите и карличните коски додека не ги покрил ѕидовите и таваните.

Мементо мори

kapela chazek4

Зошто? Црквата е замислена како олтар на мртвите, а преку изложените черепи свештеникот сакал да им оддаде почит на сите кои страдале од насилство, беда и болести. Исто така, капелата требало да служи како потсетник на жртвите дека еден ден ќе дојде нивното време.

Сифилис на олтарот

kapela chazek5

Но, Томашек бил многу заинтересиран за бизарни детали на и онака бизарниот потфат. Олтарот, на пример, го резервирал за посебни примероци: неколку деформирани черепи од сифилис, черепот на началникот, неколку дупнати од куршум. По смртта на Томашек на олтарот бил прикачен и неговиот череп.

Но, тоа не е сѐ

kapela chazek6

Што е уште поморбидно, во криптата под капелата се чуваат уште околу 21.ооо луѓе.
Колку и да е морничава оваа капела обложена со коски, во минатото украсувањето со коски се сметало за оддавање почит. Иако капелата Чазек е единствена во Полска, во Европа има уште пет такви катедрали украсени со коски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top