Шеесетгодишен Французин се обидел во Европската унија да ја прокриумчари својата жена Русинка.
Не се знае каде се запознале, но се претпоставува дека Французинот намерно патувал во Русија за да си најде жена. Но, кога пошле за Ница, каде што живее тој, претпоставил дека таа нема да може да ја мине границата без виза и поради тоа ја сокрил во куфер и ја натоварил на воз.
Но, планот му се изјаловил на границата кога сакал од Белорусија да влезе во Полска. Французинот и Русинката биле уапсени, бидејќи граничарите се посомневале дека жената е жртва на трговија со луѓе. Но, набрзо се увериле дека жената е добро и дека не ѝ е потребна помош од лекар.
– Жената е витка, па лесно ја собрало во куферот. Ги испитавме и се уверивме дека навистина се сопружници и дека мажот ја сокрил, бидејќи се плашел дека на жената нема да ѝ дозволиме да ја премине границата – изјавил Дариуз Сеницки, портпарол на полската царина. Подоцна сопружниците биле пуштени да си го продолжат патот.
Рискирале казна и до три години затвор поради избегнување гранична контрола. Но, сето тоа било потполно непотребно, бидејќи жената , со оглед на тоа што мажот е државјанин на ЕУ, можела без проблем да ја премине границата, јавува Дејли меил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст