Македонскиот документарен хип-хоп филм „Сложувалка” од фестивалот Док’ н’ Ритам, кој годинава од 24 до 26 јуни за првпат се одржа во Белград, се враќа со награда.
Платформата на фестивалот се заснова на музички филмски документарци, а во конкуренција од повеќе филмови „Сложувалка” доби специјална награда – уметничка искреност. За успехот на филмот во Србија говори и фактот дека истиот од гласовите на публиката го освои второто место и за интересот на гледачите за неговата презентација.
Филмот е реализиран од страна на Александар Ковилоски, Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ, членови на организацијата Хип Хоп Македонија, и на уметнички начин го прикажува сложувањето на деловите од приказната за македонскиот хип-хоп. Во него учество земаат најпознатите македонски хип-хоп артисти и активисти од почетокот на создавањето на макрап сцената до денес.
Хип хоп документарецот во мај на манифестацијата МАН ја освои наградата за најдобар македонски документарец за 2015 година. Следниот фестивал на кој ќе биде прикажан „Сложувалка” е популарниот хрватски ДОРФ фестивал, кој ќе се одржи на 12 август. Претходно, ги собра и симпатиите на уметничкиот филмски ИОФ фестивал во Бангладеш.
Ова е уште еден успех и уште еден пример за искрените обиди на македонските уметници да ја претстават македонската култура надвор од сопствените граници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст