| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот низ Македонија се одвива без проблеми

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива без проблеми, по суви и чисти коловози, информираат од АМСМ.

Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.

На патниот правец Гостивар – Кичево на 1,5 км. пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово – Дебар – Струга. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот.

pat

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента регулиран со семафори.

За потребите за изработка на проектна документација за реконструкција на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет поради празничните денови.Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top