Донстоинствено агресивната предна маска поткрепена со голема алуминиумска ѕвезда, преку блескавите LED – фарови, ја започнува совршената линија. По таа линија поминува секоја молекула на воздух и патува кон средината каде веќе е пресечена од острите странични линии кои завршуваат некаде при крај на задната врата.
Израмнетиот дел на задните „крила“, се со цел да се истакне линијата на кровот, дава чувство дека автомобилот има аеродинамика доволна за да се мери со најспортските супер-автомобили.
Задниот дел е грациозно издигнат, како да сака да покаже блага надменост, која секако ја оправдува со огромните на косо поставени ауспуси, по два од секоја страна.
Овој ѕвер ќе го придвижува V6 biturbo агрегат со 367 коњски сили кои до сите четири тркалат(4MATIC) ќе бидат пренесени преки 9-степен автоматски 9G-TRONIC менувач. Допирот со асфалтот ќе го оствари преку тркалата кои се состојат од алуминиумски бандажи од 21 инч.
Фаровите и штоповите светат исклучиво во „LED нијанса“, а има протекција на подвозјето на предниот, како и на задниот дел од возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст