Лозена Ставрева од с. Борилчево, Кочанско, пред една година купила 40 кози, за што подигнала кредит од банка во висина од 2000 евра.
-Имам купопродажен договор, само не е заверен кај нотар. Со сведоци е потпишан. Имам РБО од ветеринарна станица, тој што ги одјавил, а јас сум ги пријавила и се на името на син ми – изјави Лозена Ставрева за Сител.
Меѓутоа, поранешниот сопственик на стадото, 45-годишниот А.Н. од карбинското село Таринци пред еден месец решил продадената стока повторно да си ја врати. Додека сопругот на Ставрева ги напасувал козите, тој заедно со уште четворица пријатели физички го нападнал.
-Со метален предмет во пределот на грбот го удрил В.С. по што го турнал на земја и му упатил сериозно закани дека ќе посегне по неговиот живот, доколку не му ги даде козите – изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.
Откако му ги одзел козите, ги однел во с. Аргулица. За да ја отежни идентификацијата, во меѓувреме им ги извадил ушните маркици на козите. Ставреви трпат голема загуба, затоа што не можат да ги молзат и да продаваат млеко, а ратите од кредитот редовно стигаат.
-Некаде околу 40.000 денари имаме месечно од млекото, а плус јарињата ни умреа дома без мајките. Штета имаме голема – додаде Ставрева.
СВР –Штип на А.Н. му поднесе кривична пријава за сторени дела самовластие и спречување на докажување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст