| четврток, 6 декември 2018 |

Телеграма со сочувство од Груевски до Ердоган: Овој злосторнички чин е напад врз човечките вредности

gruevski_1904_g111_3

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати телеграмa со сочувство до Реџеп Тајип Ердоган, Претседател на Република Турција.

Со длабока тага, шок и огорченост ја примив информацијата за терористичките напади во Истанбул. Дозволете ми да го искажам моето најдлабоко сочувство до Вас, семејствата на настаданите и до граѓаните на Турција за претрпените загуби. Дозволете ми да ве уверам дека македонските граѓани имаат посебна симпатија кон пријателскиот турски народ и се потресени и вознемирени од овој злосторнички чин кој е напад врз човечките вредности. Човештвото е исправено пред сериозен тест. Но ниту Турција, ниту било која друга земја која се бори со тероризмот не може да се бори сама, туку заеднички со своите искрени пријатели да направи стратегија базирана врз мудри одлуки, да делува силно, истрајно и одлучно. Борбата против тероризмот никогаш нема да запре, но не смееме да се откажеме од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top