| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов потврди дека Заев се плаши од ТВ-дуел

zaev panika1

Секој што загазил во криминал има причина да се плаши и треба да се плаши. Секој што безобразно ги краде парите од граѓаните на наместени, криминални тендери на кои се богатат партиски фирми, мора да одговара пред законот и да ги врати украдените пари, изјави пратеникот Васил Пишев.

-Со денешниот настап Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболиран за тежок криминал е смртно преплашен. Зоран Заев знае дека е повторно фатен во криминал. Затоа аболицираниот криминалец Заев избегнува да излезе на ТВ дуел со мене и јавно да ги соочиме аргументите за граѓаните да видат колку пари украл и на кој начин ги украл.

Граѓаните треба да знаат како работата забегала до таму Струмица да плаќа двојно поскап превоз од Токио. Бледите настапи на Шилегов не може да бидат никакво оправдување за расипништвото на Заев и богатењето на неговите блиски, потенцира Пишеви потсети дека Зоран Заев еднаш веќе успеа да избега пред законот благодарение на Бранко Црвенковски, кој го спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра.

-Аболицираниот криминалец Заев не смее и повторно да избега од одговорност. Институциите мора одлучно да реагираат и да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот. Не смее еднаш аболициран криминалец, да остане и натаму привилегиран и недопирлив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top