
Патниците кои имаат резервирано билети за летови од и до аеродромот „Ататурк” во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули ќе може да направат пререзервација без никаков надомест или да им бидат вратени целосно парите за неискористените билети.
Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс” денеска соопшти дека продолжувањето на валидноста на авиобилетот може да се направи до 31 јули.
Од „Туркиш ерлајнс” информираат дека аеродромот „Ататурк”, кој беше цел на терористички напад, не е затворен за сообраќај, а летовите се реализираат со смален капацитет.
Подетални информации може да се најдат на официјалниот веб сајт на „Туркиш ерлајнс”.
Поради вонредната состојба, вечерниот лет Истанбул-Скопје-Истанбул е откажан.
На аеродромот „Ататурк” беше извршен троен самоубиствен бомбашки напад во кој според последните информации загинаа 41 лице и 239 се ранети. Овој аеродором годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


