За време на нападот во аеродромот „Кемал Ататурк“ шестмина српски новинари требало во тој момент да слетаат на аеродромот во Истанбул, но, за среќа, тој авион бил пренасочен во Анкара.

– Полетавме од аеродромот во Тибилиси околу 18 часот и требало отприлика околу 21.20 часот да слетаме во Истанбул. Некаде на пола лет нѐ заледи соопштението од капетанот дека од безбедносни причини нашиот лет се пренасочува во Анкара. Веднаш сите знаевме дека нешто ужасно се случува.
Кога слетавме во Анкара, почнаа да ни стигаат пораки „дали сте добро“, „каде сте“? Кога сфативме што се случило, бевме избезумени, преплашени, не обзеде ужасно чувство. Свесни дека избегнавме голема трагедија, а од друга страна тој страв кои сите го чувствувавме никако не проаѓа. „Туркиш ерлајнс“ ни го плати превозот и сместувањето во хотел. Иако ги снајде таква трагедија, таму луѓето нѐ дочекаа многу професионално, рекол еден до српските новинари за „Телеграф.рс“.
Еден од турските државјани на аеродоромот, според зборовите на српските новинари, за малку бил во прединфарктна сосотојба поради случувањата во вторникот вечерта во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


