Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ја продолжи дводневната работна посета на Брисел, каде што утринава оствари голем број средби со високи претставници на Европската унија од кои најважна е онаа во Европската комисија со комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Груевски и Хан на средбата имале отворен разговор во кој, според Груевски, ги допреле сите теми што ја засегаат Република Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека заедничка констатација на него и Хан, но и во разговорите со другите денешни соговорници како европратениците Дејвид Мекалистер, Иво Вајгл, Пол Рубиг и Анџелика Ниблер е дека на Македонија ѝ е потребно елиминирање на надворешните и на внатрешните ризици:
– Средбите одат добро. И вчера и денеска се среќаваме со многу наши пријатели, партиски поддржувачи и разни други лица што на еден или друг начин имаат одговорност во нивното работење за Македонија и за регионот каде што е Македонија. За констатација е дека на сите им одговара, како на нас во Македонија, така и на нив овде во Европската унија и кај земјите-членки, да имаме елиминирање на сите надворешни и внатрешни ризици. Надворешни во смисла на бегалската криза и проблемите што од неа може да дојдат, а внатрешни во смисла на вештачките кризи што ни се наметнуваат. Констатација е дека треба да се продолжи заеднички да се работи во тој правец, но дека е потребно и сите други страни внатре во земјата кај нас да се потрудат да помогнат во тој правец, а не само ВМРО-ДПМНЕ , истакна Груевски во изјава а МИА по средбите.
Попладнево, според планираното, Никола Груевски треба да се сретне со Жозеф Дол, претседател на најголемата европска политичка партија, Европската народна партија, како и со други виоски претставници и дипломати во Европската унија. А, како што е познато, Груевски и во текот на вчерашниот ден имаше набиена агенда на средби со политичари и дипломати во Брисел со цел, како што самиот рече, да се санираат штетите што според Груевски ги предизвикала опозициската СДСМ со создавањето на политичката криза во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст